Поставки за интернет и MMS
За испраќање мултимедијални пораки или за пристап до интернет кога нема достапна Wi-Fi
мрежа, мора да имате активна конекција со мобилни податоци со точни поставки за интернет и
MMS (Multimedia Messaging Service). Еве неколку совети:
•
За повеќето мобилни мрежи и оператори, поставките за интернет и MMS се претходно
инсталирани на уредот. Тогаш може веднаш да започнете да користите интернет и да испраќате
мултимедијални пораки.
•
Може да ги преземете овие поставки преку Wi-Fi.
•
Може во секое време рачно да додавате, менувате или да ги бришете поставките за интернет и
MMS во уредот. Ако промените или избришете поставка за интернет или MMS по грешка, повторно
преземете ги поставките за интернет и MMS.
•
Ако не може да пристапите до интернет преку мобилната мрежа или ако не функционираат
мултимедијалните пораки иако поставките за интернет и MMS се успешно преземени во уредот,
погледнете ги советите за решавање проблеми со уредот на www.sonymobile.com/support/ за
проблеми со мрежната покриеност, мобилните податоци и MMS.
•
Доколку е активиран STAMINA-режимот за да се заштеди енергија, целиот сообраќај на мобилни
податоци се паузира штом ќе се исклучи екранот. Доколку ова предизвикува проблеми со
конекцијата, исклучете го паузирањето на некои од апликациите и услугите или привремено
деактивирајте го STAMINA-режимот.
•
Доколку користите уред со повеќе корисници, само сопственикот, односно примарниот корисник
може да презема поставки за интернет и пораки од менито Поставки, но преземените поставки
важат за сите корисници.
Преземање поставки за интернет и MMS
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Повеќе > Поставки за интернет.
3
Допрете ПРИФАТИ. Штом поставките ќе се преземат успешно, се појавува во лентата
за статус и сообраќајот на мобилни податоци е автоматски вклучен.
Доколку поставките не може да се преземат о уредот, проверете ја јачината на сигналот
на конекциите со мобилна или Wi-Fi мрежа. Преместете се на отворена локација без
пречки или приближете се до прозорецот и обидете се повторно.
Додавање поставки за интернет и MMS
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Повеќе > Mобилни мрежи.
3
Допрете Имиња на пристапна точка > .
4
Допрете Име и внесете име по желба, а потоа допрете OK.
5
Допрете APN и внесете го името на пристапната точка, а потоа допрете OK.
6
Внесете ги сите други задолжителни информации. Доколку не знаете кои информации се
бараат, контактирајте со мрежниот оператор за повеќе детали.
7
Кога ќе завршите, допрете , потоа допрете ЗАЧУВАЈ.
52
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Прегледување на преземените поставки за интернет и ММЅ
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Повеќе > Mобилни мрежи.
3
Допрете Имиња на пристапна точка.
4
За да видите повеќе детали, допрете на кој било од достапните објекти.