Синхронизирање со електронските сметки
Синхронизирајте го својот уред со контактите, е-поштата, настаните од календарот и другите
информации од електронските сметки, како што се сметките за е-пошта на Gmail™ и Exchange
ActiveSync, Facebook™ и Flickr™. Може да ги синхронизирате податоците автоматски за таквите
сметки со активирање на функцијата за автоматско синхронизирање или со рачно
синхронизирање на секоја сметка.
Поставување електронска сметка за синхронизација
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Допрете Поставки > Сметки и синхронизирање > Додај сметка, потоа
одберете ја сметката што сакате да ја додадете.
3
Следете ги инструкциите за креирање или пријавување на сметката.
Рачно синхронизирање со електронска сметка
1
Од својот Почетен екран, допрете > Поставки > Сметки и
синхронизирање.
2
Допрете го името на сметката со којашто сакате да синхронизирате. Се појавува листа со
објекти што покажува што може да се синхронизира со сметката.
3
Допрете го лизгачот до објектот што сакате да го синхронизирате.
Отстранување електронска сметка
1
Од својот Почетен екран, допрете > Поставки > Сметки и
синхронизирање.
2
Одберете го типот сметка, а потоа допрете ја сметката што сакате да ја отстраните.
3
Допрете , па допрете Отстрани сметка.
4
Допрете ОТСТРАНИ ЈА СМЕТКАТА повторно за да потврдите.