Sony Xperia Z5 Compact - Кратенки и папки

background image

Кратенки и папки

Користете кратенки и папки за управување со своите апликации и уредно одржување на почетниот
екран.

1

Пристап до апликација со помош на кратенка

2

Пристапете до папки што содржат апликации

Додавање на кратенка за апликација во вашиот почетен екран

1

Допрете и задржете празна област на својот Почетен екран сè додека уредот не почне да
вибрира.

2

Во менито за приспособување, допрете Апликации.

3

Лизгајте низ списокот со апликации и изберете апликација. Избраната апликација се
додава на Почетен екран.

Во чекор 3, може да допрете Кратенки, а потоа да изберете апликација од достапниот
список. Доколку го користите методот за додавање на кратенки, некои од достапните
апликации ви овозможуваат да додавате одредена функционалност на кратенката.

Преместување ставки на почетниот екран

Допрете ја и задржете ја ставката додека уредот не почне да вибрира, па повлечете ја кон
новата локација.

Отстранување ставки од почетниот екран

Допрете ја и задржете ја ставката додека уредот не почне да вибрира, па повлечете ја кон
Отстрани од почетен екран горе на екранот.

Креирање папка на почетниот екран

Допрете ја и задржете ја иконата или кратенката на апликацијата, додека уредот не почне
да вибрира, па повлечете и спуштете ја врз иконата или кратенката на некоја друга
апликација.

Додавање ставки во папка на почетниот екран

Допрете ја и задржете ја ставката додека уредот не почне да вибрира, па повлечете ја кон
папката.

Промена на името на папка на почетниот екран

1

Допрете ја папката за да ја отворите.

2

Држете ја допрена насловната лента на папката за да се покаже полето Име на
папката
.

3

Внесете го името на новата папка и допрете го Готово.

32

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.