Sony Xperia Z5 Compact - Прегледување на фотографиите на мапа

background image

Прегледување на фотографиите на мапа

Додавањето информации за локацијата на фотографиите е познато како гео-означување. Може да
ги прегледувате и означувате фотографиите на мапа и да им покажете на пријателите и
семејството каде сте биле кога сте ја направиле фотографијата. Погледнете Зачувување на
географската локација на фотографијата
на страницата 111 за повеќе информации.

1

Прегледувајте фотографии со гео-ознака во приказот на глобус

2

Пребарувајте локација на мапата

3

Прегледајте ги опциите на менито

4

Двоен допир за зумирање. Штипнете за одзумирање. Влечете за приказ на различни делови од мапата

5

Група фотографии или видеа што се гео-означени со истата локација

6

Мали слики до одбраната група фотографии или видеа. Допрете објект за да го видите на цел екран

Додавање или уредување на гео-ознаката на фотографијата

1

Кога прегледувате фотографија, допрете го екранот за да се прикажат алатниците.

2

Допрете , потоа допрете Додај гео-ознака или Уреди гео-ознака за да се отвори
екранот со мапата.

3

Допрете на мапата за да ја поставите локацијата за фотографијата.

4

За да ја ресетирате локацијата за фотографијата, допрете на новата локација на мапата.

5

Кога ќе завршите, допрете ОК.

Доколку го вклучивте откривањето локација и го активиравте гео-означувањето на
камерата, може директно да ги означувате своите фотографии за подоцна да ги
прегледувате на мапа.

Прегледување фотографии со поставена гео-ознака на глобус

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Албум.

3

Допрете , па допрете Места.

4

Допрете ја фотографијата што сакате да ја видите на мапа.

Доколку повеќе фотографии се сликани на истата локација, само една од нив ќе се
појави на мапата. Вкупниот број фотографии ќе се појави во горниот десен агол, на
пример, . За да ги прегледате сите фотографии во групата, допрете ја насловната
фотографија, а потоа допрете една од малите слики во долниот дел на екранот.

Прегледување фотографии со поставена гео-ознака на глобус

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Албум.

3

Допрете , потоа допрете Места > .

4

Допрете ја фотографијата што сакате да ја прегледате на глобус.

123

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Промена на гео-ознаката на фотографијата

1

Кога прегледувате фотографија на мапата во албумот, допрете ја и држете ја
фотографијата сè додека рамката не стане сина, па допрете на саканата локација на
мапата.

2

Допрете ОК.

Промена на приказот на мапата

Кога ја прегледувате мапата во апликацијата Албум, допрете , потоа префрлајте се помеѓу
Класичен приказ и Сателитски приказ.

124

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.